Маскерано не сака да испадне глупав

Централниот дефанзивец на Аргентина, Хавиер Маскерано ги предупреди своите репрезентативнин колеги дека не смеат да бидат толку глупави и да не ја искористат добиената шанса да обезбедат пласман во финалниот натпревар.

Претставникот на Јужна Америка последниот финален натпревар го има одиграно пред 24 години, а големиот сон кој го имаат избраниците на Алехандро Сабела ќе стане реалност доколку денеска забележат триумф во полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Холандија.

“Треба да бидеме многу глупави ако не ја искористиме оваа шанса. Може и да не добиеме втора таква можност. Се наоѓаме на само чекор до финалето на Мундијалот, а токму мечот за титулата е нашата голема цел”, изјави Маскерано.