Маскерано: Неколку фудбалери ќе го одиграат последниот натпревар на Ноу Камп

Аргентинскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Маскерано го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека има неколку фудбалери кои во недела ќе го одиграат последниот натпревар во дресот на популарната Барса.

„Дадовме се од себе на последниот првенствен натпревар против Елче. Противникот се бореше се до последниот судиски свиреж, се бореа за опстанок во елитното друштво. Сега сите се надеваме дека ќе ја освоиме шампионската титула на “Ноу Камп”, се надеваме дека ќе го победиме одличниот тим на Атлетико (М). Се ќе биде познато следната недела. Мислам дека тој натпревар ќе биде последен за неколку фудбалери кои веќе неколку сезони го носат дресот на Барселона”, изјави централниот дефанзивец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.