Маскерано откри дека имал проблем со челниците на Ливерпул

Аргентинскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Маскерано ја откри вистинската причина поради која ставил крај на неговата авантура во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул.
“Кога си заминав од “Енфилд” не сакав да зборам на таа тема, не сакав да зборам поради големиот респект што го имам кон Ливерпул. Можеби направив голема грешка, јас не зборев, но имаше такви кои збореа, имаше такви кои кажаа еден куп лаги, кои ме направија лоша личност. Не се жалам и понатаму мислам дека донесов вистинска одлука. Ливерпул е специјален клуб за мене. Јас имав голем проблем со раководните лица, со менаџерот со извршниот директор Кристиан Пурслоу. Пред стартот на новата сезона имав неколку состаноци со клупските челници. Ми ветија многу нешта, гарантираа дека ќе го исполнат ветеното. За жал, не беше така, ништо не исполнија од тоа што ветија”, изјави Маскерано.