Маскерано подготвен за кам-бек на Енфилд

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Барселона, Хавиер Маскерано најверојатно по пауза од неколку години повторно ќе го облече дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Искусниот дефанзивец пред неколку дена изјави дека првенствениот дуел против Атлетико Мадрид, кој ќе биде одигран во сабота најверојатно ќе биде последен за неколку фудбалери кои моментално го носат дресот на Барселона.

Репрезентативецот на Аргентина пет сезони го носеше дресот на англискиот премиерлигаш, но постојано повторува дека со големо задоволство би ја прифатил евентуалната понуда за кам-бек на фудбалскиот храм “Енфилд”.

Приказната околу можниот кам-бек ќе стане реалност само доколку понудата на вицешампионот на Англија за 30-годишниот дефанзивец не биде помала од 15 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.