Машки леш најден во канал во село Вратница

Машки леш бил најден вчера околу 15,15 часот во водата на коритото од бетонски канал во центарот на село Вратница-Теарце.

Како што информира МВР, по направената идентификација било утврдено  дека се работи за Богољуб С.(55) од село Вратница.

Увид на местото на настанот извршил Јавен Обвинител и увидна екипа на СВР-Тетово, а по наредба на Јавниот Обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.