Маски за лице од вашата кујна

Еве како да ги отстраните црнките и мртвите клетки со помош на целосно природни препарати од вашата кујна.

Има голем број рецепт што би можеле да ги искористите за да подготвите маски за лице во вашиот дом. Но т.н. пил оф маски малку потешко се подготвуваат. Тие мора да бидат со вистинската дебелина и густина, така што потоа ќе можете да ги излупите од вашата кожа. Сепак овие маски се најдобри за отстранување на црнките од вашата кожа. Освен тоа, овие маски се најдобри затоа што се природни. За отстранување на црнките и мртвите клетки од вашето лице  моежете да ги пробате следните маски за лице:

„Пил оф“ маска од белки од јајце

Промешајте шеќер во прав со една белка од јајце и применете ја маската на целото лице. Потоа ставете органско шамивче на вашето лице. Нежно поминувајте со шамивчето преку лицето за да ја израмните смесата. Потоа, нанесете уште еден слој белка и шеќер. Оставете ја маската на лицето чест до осум минути. Кога ќе се исуши излупете ја со хартиено шамивче.

Маска од зелен чај и лимон

Прво сварете зелен чај, а потоа исцедете еден лимон во него. Промешајте ги течностите со лажица, а потоа додадете желатин во прав. Загрејте ја смесата во микробранова печка на 30 секунди. Промешајте ја смесата и повторно нанесете ја на лиц ето . Покријте го ц елото лице и оставете ја маската да отстои 10 минути. Потоа внимателно излупете ја маската од дното на лицето па нагоре.

Маска од портокал

Исушете ја кората од портокал на сонце. По сушењето од два дена, направете прав од кората. Сварете еден филџан вода на средна температура. Додадете шеќер во филџанот и полека стопете го. Она што ќе го добиете е леплива течност. Додадете една лажи ца сушен портокал во оваа течност. Промешјате се заедно и применете го на лицето. Оставете ја маската да стои на лицето 10 минути, а потоа излупете ја. Не само што ќе ве ослободи од црнките, туку и од мртвите клетки.