Маскиран маж со меч извршил напад во училиште во Шведска

Четири ученици и едно возрасно лице се повредени откако маскиран напаѓач влегол во училиште вооружен со меч и извршил напад.

Инцидентот се случил во градот Тролхетан во југоисточна Шведска, пренесува Раша Тудеј, повикувајќи се на локалните медиуми. Напаѓачот бил убиен од страна на полицијата.

Инаку, полицијата добила известување за нападот околу 10 часот утринава дека вооружен маж влегол во училиштето. Вработените и учениците биле евакуирани.

Засега нема информации за причините за нападот. Како што информира шведски „Локал“ во училиштето следат настава околу 400 ученици на возраст од 6 до 15 години.

Тролхетен е индустриски град во западна Шведска кој се наоѓа на 75 километри оддалеченост од Гетеборг.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.