Маскиран разбојник одзел 16 илјади денари од продавница

На 04.07.2014 година во 21,24 часот во Скопје на ул.„Ѓуро Салај“бр.69, во продавницата “Дева Промет“, засега непознат сторител маскиран со фантомка на главата и вооружен со огнено оружје-пиштол, извршил разбојништво над вработената, при што од касата одзел околу 16.000 денари.