Маскирани екстремисти во Берлин запалиле 48 возила

Маскирани екстремисти во Берлин запалиле 50 возила
Маскирани екстремисти во Берлин запалиле 50 возила

Група од околу 50 маскирани левичарски екстремисти за време на викендот во Берлин оштетиле речиси 50 скапи автомобили од типот „БМВ“, „мерцедес“ и „порше“.

Тие се разочарани и бесни поради фактот дека некогаш прилично евтини делови од главниот германски град прилично поскапеле во последните неколку години.

Нападите што се случиле ноќта меѓу саботата и неделата предизвикале материјална штета поголема од милион долари, а зад себе оставиле 48 смачкани „мерцедеси“, „БМВ“ и „порше“.

– Нема да дозволиме на оваа левичарска банда да ги преземе нашите улици, рече Франк Хенкел, првиот човек на берлинската полиција и додаде дека „ужасните слики докажуваат дека овие левоориентирани анархисти немаат почит кон приватниот имот“.

Насилството предизвикано од поскапениот живот во некогаш евтините делови на градот, во последните години се зголемува, a токму автомобилите се честа мета.