вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 36

Маскирани разбојници претепале мајка и ќерка во Опила

Откако влегле во куќата, разбојниците ги легнале на подот, по што физички ги малтретирале удирајќи ги со раце по телото, а потоа им ги врзале рацете и нозете и со електрична палка ги онесвестиле.

Маскирани разбојници претепале мајка и ќерка во Опила

Маскирани разбојници претепале мајка и ќерка во Опила

Последни вести

Шест маскирани лица вчера утрината извршиле разбојништво над 92-годишната Д.Т. и нејзината ќерка Љ.Т. во семејната куќа во кумановско Опила.

 -Откако влегле во куќата, разбојниците ги легнале на подот, по што физички ги малтретирале удирајќи ги со раце по телото, а потоа им ги врзале рацете и нозете и со електрична палка ги онесвестиле, информираат од полицијата.

Разбојниците украле 3.000 евра во разни апоени, по што се упатиле во непознат правец.

Оштетените се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на ПС-Крива Паланка. Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Најчитани вести