Маскирани разбојници со безбол палки претепале две момчиња

Синоќа околу 01.00 часот по полноќ неколку маскирани лица со безбол палки ги нападнале Д.Ф.(1993) иМ.Д.(1989) без никаков повод на улицатата „Џумајска“ број 9.

При нападот оштетено е и возило од марката „бмв“ со скопски таблички.

Веднаш по нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.

Нападнатите се пренесени во болница каде им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.