среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Машко лице пронајдено облеано во крв во Кочани

Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Медицински центар Кочани, каде му биле констатирана тешки телесни повреди ( расекотина во задниот дел од главата и крварење од ушите) и му била укажана лекарска помош, по што било пренесено во Ургентниот центар Скопје.

полиција

Последни вести

Вчера во 21.50 часот во ПС Кочани, П.С. (52) од Кочани пријавил дека пред неговата куќа пронашол непознато машко лице кое лежело на грб облеано во крв и кое било  повредено во пределот на главата и било неконтактибилно.

Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Медицински центар Кочани, каде му биле констатирана тешки телесни повреди ( расекотина во задниот дел од главата и крварење од ушите) и му била укажана лекарска помош, по што било пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Од извршениот увид констатирано е дека лицето најверојатно се здобило со повреди на главата при пад од неоградена тераса на куќата на пријавителот од висина од околу 3 метри, на бетонската површина во дворот.

Кај повредениот не биле пронајдени лични документи и не е утврден неговиот идентитет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најчитани вести