Масло од сусам за убава и здрава коса

Богато е со витамини Б и Е како и со магнезиум, фосфор и калциум.

Освен тоа е збогатено и со протеини кои длабински ја хранат косата.

Затоа важно е да јадете сусам кој од внатре ќе го подобри изгледот на косата но промените не можат да се случат преку ноќ. Всушност потребни се неколку недели, па дури и месеци да забележите разлика.

Трпението е неопходно како и промената на секојдневната исхрана.

Во прилог ви ги претставуваме бенифитите од сусамовото масло:

1. Длабински ја негува косата и го спречува цветањето на врвовите

Токму ова масло е одличен начин како да ја опоравите сувата коса која е полна со расцветани врвови. Маслото ќе ја хидрира и зајакне, а косата ќе биде сјајна и мека.

2. Ги спречува проблемите со скалпот

Маслото од сусам е богато со витамини, минерали и хранливи материи кои се неопходни за здрав скалп. Со масирање на маслото во скалпот ќе го хидрирате и тој повеќе нема да се лупи.

Ова масло има антибактериски, антигабичен и анти-инфламаторен ефект кој ќе го исчисти скалпот од инфекции, перут и запушени пори кои предизвикуваат опаѓање на косата.

3. Го подобрува растот на косата

Есенцијалните масни киселини го подобруваат растот на косата, а сусамовото масло е богато со нив. Кога масирате топло масло на скалпот, тоа влегува во него го хидрира и ја зголемува циркулацијата. Го јакне коренот и со тоа го подобрува нејзиниот раст.

4. Го спречува прераното побелување на косата

Сусамовото масло има способност ја потемни косата кај бринетите и жените со црна коса. Ако сакате максимален ефект мешајте го со други масла како маслиновото или бадемовото.

5. Природна заштита од сонцето

Заштитете ја косата од сончевите зраци така што ќе ја намачкате со малку масло по целата должина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.