Масоните нарeдија увоз на бегалци низ Европа!?

Масоните нарeдија увоз на бегалци низ Европа. Ова го објавуваат хрватските медиуми повикувајќи се на доверливи документи што „протекле“ и стасале до нивните раце. Сепак, засега никој од тајното друштво досега не се огласил по повод ова прашање, пишува српски „Курир“.

Факт е дека оваа бегалска криза го покажа вистинското лице на светот. Односно, со други зборови, врвот на светот се поврза, но и се покажа. Потребно е само да се поврзат сите парчиња на сложувалката!

На површина испливаа оние што се „за“, како и оние што се „против“. Така покрај масовните медиуми Обединетите нации и организации својот глас за мигрантите го даде и масонското друштво од целиот свет.

Имено, дури 28 големи ложи на слободните ѕидари потпишаа службена изјава во која, иако ретко се гледа да настапи отворено, го разјаснуваат феноменот на вселување без ограничувања и без правила што во суштина ја парализира Европа. Ова е феномен што го покажува се посилниот раздор меѓу елитите и народот.

Масоните нарeдија увоз на бегалци низ Европа!?
Масоните нарeдија увоз на бегалци низ Европа!?

Меѓу потписниците се Големиот ирент на Франција, Големата ложа на Австрија, Големиот ориент на Швајцарија, Големата ложа на Франција, Големиот ориент на Белгија, Големиот ориент на Хрватска, Големиот ориент на Ирска, Големата ложа на Италија, Големиот ориент на Луксембург, Големиот ориент на Полска, Големиот ориент на Португалија, Големиот ориент на Грција, Женската голема ложа на Турција и уште многу други.

Масоните од европските владетели не бараат само прифаќање на сите доселеници, туку многу повеќе. Од европските владетели, очекуваат масовно прифаќање и имплементирање на мигрантите во општеството долгорочно. Масоните во светот така покажаа зачудувачко единство што се огледа низ фактичката конвергенција со службените стратегии на Европската унија и поголемиот број членки на ЕУ. Целосната еднаквост меѓу слободното ѕидарство и политичките чиновници и челници многу ретко е искажана толку очигледно.

Службените документи на масонските ложи го образложија барањето за вселување без ограничување на преовладувачкиот „национален егоизам“ и давањето преднос на „општите интереси“ што не се одблиску дефинирани и кои што бараат „иновативна политика на добредојде“.

Ложите не само што ги напоменуваат возвишените намери, туку изрекуваат и опомена. Ако владите не ги држат отворени своите граници и не го исполнат нивното барање. Ќе дојде до „поделби и конфликти“ и до „повторно оживување на национализмот“ во Европа што според нив мора да се „сотре“.