Масоните со таен договор за уништување на Православието?

Трилатералната комисија е основана во 1973 година. Оваа организација е една од неколкуте влијателни организации кои, идеолошки, политички и пропагандно ги сервисира американската корпоративна олигархија, нејзиниот транснационален сојуз на моќ и нејзината агресивна програма за светска доминација. Станува збор за традиција долга скоро еден век.

Ограничена демократија, комплетен општествен надзор и тотална контрола, системско и систематско исклучување на човекот од одлучувања за сопствениот живот, перманентна класна војна на корпоративната олигархија против човештвото и посебно неприкосновениот и геополитички интерес на САД во светските работи, се догми според кои Трилатералната комисија доследно се држи во последните 40-тина години. Белградскиот состанок на европската група Трилатералната комисија само го потврдува континуитетот и фактите.

Проф. др Смиља Аврамов изјавува: „Помеѓу САД, Ватикан и Германија е склучен Таен Договор во 11 точки. Една од централните тези на овој договор е идејата за федерализација на светот. Една од точките, која мене посебно ме погоди, кога го читав Договорот е точката за тотално уништување на Православието.

Православието мора да биде исфрлено од светот, како религија, бидејќи тоа е единствен хомогенизиран момент на православните земји кој има политичка димензија, така што глобализацијата со Православието тешко дека ќе успее. Затоа е потребно да се уништи Православието, и секако продирање во Православните цркви и фрлање на тешки пари за да се придобијат поедини раководители во нив.