понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 30

Масовна евакуација во Солун поради деактивирање на бомба

Грчките власти подготвуваат масовна евакуација на населението од вториот по големина град Солун, од каде привремено ќе бидат иселени 72.000 жители за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна.

солун

Поврзани вести

Според најавите, бомбата ќе биде деактивирана утре.

Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото каде е пронајдена, а оваа операција ќе трае неколку часа.

Евакуацијата ќе почне утре, во шест часот изутрина, а автобуси ќе ги одведат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Тие ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и кафулиња.

Властите ќе го евакуираат и блискиот бегалски камп, каде се наоѓаат околу 450 лица.

Најчитани вести