Масовна гробница откриена во Славјанск

Украинските сили откриле масовна гробница во Славјанск, кој до неодамна беше под контрола на проруските сепартисти од источна Украина.

Во гробницата имало околу 20 тела, од кои најмалку четири биле во цивилна облека.

Украинските власти, кои на почетокот на месецов воспоставија контрола над Славјанск, информираа дека водат истрага за неколку случаи на исчезнати лица од градот.

Според Високиот комесаријат за човекови права на ОН во украинските населени места под контрола на проруските сепаратисти исчезнале десетици лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.