Масовна гробница пронајдена во Ирак!

Ирачките безбедносни сили денеска пронашле тела на 53 мажи кои биле врзани и погубени, соопштиле полициските и медицинските власти, пренесоа медиумите.

Телата на мажите најдени со во овоштарник јужно од Хила, главниот град на ровнцијата Бабил, а сите имале прострелни рани на главата или градите, пренесува АФП со оценка дека таквиот начин на убивавање потсетува на брутално секташко крвопролевање како што беше 2006 и 2007 година кога на удар беше Ирак.

Неименуван извор од мртовечницата рекол дека жртвите се убивани пред најмалку една недела.

Џихадистите на Исламската држава Ирак и Левант започнаа голема офанзица на 9-ти јуни во Ирак и оттогаш успеаја да превземат контрола над значајни делови во пет провинции.

Во насилствата во Ирак од почетоко на годинава загинаа најмалку 5.200 луѓе, покажуваат податоците кои ги нашла француската новинска агенција од болнички и безбедносни извори.