Масовна партизација во најава: Владата постави член на ИО на СДСМ за прв човек на Агенцијата за администрација

Наспроти претходните најави на Зоран Заев и СДСМ дека ќе се поставуваат професионалци, владата за директор на Агенцијата за администрација постави член на Извршниот одбор на партијата.

На партизацијата денеска укажа и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова. Таа вели дека СДСМ ветуваше професионализација, но добивме партизација, ветуваа почитување на законите, а како што рече, реално тие се прекршуваат на секој чекор.

-СДС ветуваше професионалци, а добивме некомпетентни кадри кои се именуваат и со кршење на законските правила при именување, истакна Александрова.