Масовна повреда на правото од страна на СЈО во „Титаник“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска дојде во Апелација, каде на јавна седница треба да се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“.

Според информациите од Судот, Специјалното јавно обвинителствои (СЈО) носи заклучоци, иако не е потврдена основаноста на нивното обвинение, со што што постои масовна повреда на правото од страна на СЈО во случајот „Титаник“

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски објави дека Груевски не се одзивал на поканите на СЈО, на  што одбраната реагираше дека се рсботи за неточна информација. Груевски се одзвал на сите покани на СЈО кои што ги примил.

Од друга страна, СЈО  не го озвозможило барањето на одбраната да направи увид во доказите. Груевски бил присутен на сите рочишта и на Суд секогаш бил кооперативен, што се потврдува и со судењето за случајот со општина Центар.

Инаку, според најавите  на денешните седници во Судот ќе се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во „Титаник“ и за поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник” се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната на обвинетите. Судот има рок од 48 часа да донесе одлука.