Масовна тепачка на Мајдан, пукање и експлозии

На централниот киевски Плоштад на независноста (Мајдан) синоќа изби масовна тепачка, а украинските медиуми пренесуваат дека слушнале пукање, експлозии и дека има повредени.

Свеоците опишале дека повќе од 100 лица, наводно припадници на крајната десничарска партија УНА, носеле запалени факели одејќи спрема Мајдан за да им одадат пoчит на жртвите на антивладините протести на тој плоштад, кои траеле повеќе од три месеци, пренесува „Раша тудеј“.

На Мајдан ги дочекале припадниците на самоодбраната на Мајдан, им го блокирале влезот па избила масовна тепачка.

Десничарите според сведоците во тепачката користеле солзавец, петарди и шок пиштоли, а многу со себе носеле и палки. Украинските медиуми пренесуваат дека има и повредени.Еден од шаторите на Мајдан се запалил, но пожарот бил брзо изгасен.

Припадниците на самоодбраната на крајот допуштиле групата десничари да поминат, а потоа се упатиле спрема украинскиот парламент.