Масовна тепачка пред „Јане Сандански“, тројца полицајци се повредени

Тројца полициски службеници се повредени откако претходно бил нарушен јавниот ред и мир пред спортската сала „Јане Сандански“ пред мечот меѓу МЗТ и Партизан.

Како што информира МВР настанот се случил вчера околу 20, 00 часот.

Во Полициска станица се приведени неколку лица, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Медиумите вчера јавија дека се повредени и неколку навивачи.