Масовна тепачка во ДУИ, хоспитализиран функционер

Масовна тепачна се случила вчера вечерта помеѓу крилото н Арбен Лабуништа и Рамиз Мерко во Струга. Фрлање мобилни телефони врз глави, меѓусебни тупаници и еден хоспитализиран е билансот од по тепачката во ДУИ.

Според информации на порталот ТетоваСот добиени од извори на ДУИ во Струга, до тепачката дошло откако Мерко успеал да обезбеди поддршка во сите ограноци за функцијата претседател на огранокот. Според истиот извор, Мерко ја има подршката од Муса Џафери. Токму таа подршка на Џафери предизвикал револт во крилото на Лабуништа.

Од болницата во Струга се уште нема потврда кој е хоспитализираниот, но изворите тврдат дека зменик директорот на УЈП, Аргетим Асани има претрпено повреди и се наоѓа во болница.