Масовна тепачка во Мавровка

Четири лица се ранети со нож во трговскиот центар „Мавровка“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 26.01.2015 година околу 18:30 часот во Скопје, во Трговски центар Мавровка три непознати лица физички ги нападнале М.Н.(18), С.И.(18) и Б.М.(23) сите од с.Арачиново и Ј.Љ.(21) од Скопје.

При нападот со остар предмет на сите им нанеле убодни рани.

Повредените лица се пренесени во ГОБ “Св. Наум Охридски” при што на Б.М. му е констатирана тешка телесна повреда.

На другите три лица им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.