Масовна тепачка во Тетово: Четири лица поврдени

По меѓусебната тепачка што вчера се случила на крстосницата од булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Јане Сандански“ во центарот на Тетово четири лица се здобиле со повреди.

Од едната страна учествувале браќата А.Ш.(30) и А.Ш.(29) од Тетово и Е.С.(23) и М.И.(31) од тетовското село Џепчиште.

Четворицата меѓусебе си задале повеќе удари со тупаници и клоци, а се здобиле и исеченици бидејќи при полицискиот увид во близина на местото од тепачката бил пронајден и нож што бил подигнат за вештачење за да се утврди чиј е и кој и како го употребил во тепачката.

Четворицата биле приведени од тетовската полиција и било разговарано со нив, а по расчистувањето на сите поединости ќе следуваат и соодветни поднесоци.

Вчерашната тепачка следувала откако само еден ден претходно, во четвртокот, повозрасниот од браќата А.Ш.(30) пријавил дека М.И.(31) заедно со повеќе други лица кои биле во неколку возила го пресретнале и физички го нападнале кај бензинската пумпа во тетовската населба Дреновец.