Масовна венчавка во Бразил!

Масовна венчавка на која учествуваа 100 двојки се одржа на Националниот стадион во главниот град на Бразил, Бразилија.

Тоа е десетта масовна свадба во Бразилија во рамките на проектот „Сродна душа“, организирана од локалните власти. Последната масовна свадба во Бразилија беше пред три месеци кога се венчаа 105 двојки.