Масовни гробници на илегални имигранти пронајдени во Тексас

Масовни гробници на илегални имигранти се пронајдени во Тексас.

Според извештаите тие животот го загубиле во обид илегално да влезат во САД.

Непристапните подрачја се често смртоносни за имигрантите од Мексико и Централна Америка кои преминуваат пеш неподготвени и по високи температури за да избегнат контрола на американската гранична патрола. Повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите на преминот близу Букс Каунти меѓу 2011 и 2013 година.