Масовни руски напади врз позиции на Исламска држава во Сирија

Руските воздушни сили денеска изведоа „масовни напади“ врз цели на Исламска држава ширум Сирија, гаѓајќи ги со крстосувачки ракети.

– Денеска беа изведени 59 од планираните 100 напади врз цели на ИД во покраините Рака, Идлиб, Деир ал-Зор, а ликвидирани се 149 терористи, наведе Картаполов, пренесува МИА.

Русија денеска соопшти дека нејзините авиони гаѓаат и камиони, со кои се превезува нафта и нафтени деривати, а им припаѓаат на ИД.