ФОТО: Масовно се „дерат“ граѓаните, а владините возила не ги допираат (ФОТО)

Огромен број граѓани деновиве се револтирани од масовното кревање на автомобили од службите во надлежност на градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ од СДСМ, пишува Курир.мк.

„Пајаците“ низ Скопје секоја недела креваат стотици возила со цел и желба да го наполнат државниот буџет и општинската каса.

Дел од казната за погрешно паркирање, која ја плаќаат обичните граѓани, но не и функционерите, се слева воБуџетот на Република Македонија со кој сега раководат Зоран Заев е Драган Тевдовски. На ваков начин, градоначалниците на СДСМ се обидуваат да пополнат пари во Буџетот со кој нивните партиски челници прават економска катастрофа. Остатокот од казната оди кај градот или општината.

Штетните економски политики кои ги води Владата на чело со Заев и Тевдовски, многу ги чинат македонските граѓани. Кога поскапува се, трпат луѓето, а со масовното собирање на автомобили дополнително се удира по џебот, за да се полни Буџетот.

Владата на СДСМ и ДУИ ги зголемува даноците и ја презадолжува Република Македонија. Барем дел од тие пари мора да се вратат, па затоа со сите сили се удира по џебот на народот.

ММФ препорачува намалување на дефицитот. Во 2016 изнесувал 45% од БДП или двојно е зголемен споредено со 2008. Прогнозите се дека до 2022 може да стигне до 53%. За негово намалување Фондот препорачува ефикасни мерки како што се засилено собирање на ДДВ, повисоки даноци на имот и за енергија, како и намалување на субвенциите, но при тоа да се води сметка за најранливите категории граѓани.

Со казните за погрешно паркирање на граѓаните кои деновиве се почесто се издаваат, Владата има за цел да покрие барем дел од дефицитот.

Ценовник од „Градски паркинг“

Ценовник од „Паркинзи“ на општина Центар

 

За еден ден “пајак“ отстранил 91 возило

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и четири лица неправилно се престроиле. Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 лица: двајца под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 возачи кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 91 возило.

Владините возила на СДСМ и ДУИ никој не ги чепка!

Жртви на ваквите политики и одлуки се единствено македонските граѓани. Функционерите на Владата СДСМ-ДУИ можат да паркираат каде и кога сакаат. За нив законите, очигледно, не важат.

Полицијата со сдсмовската Омерта влегуваше во угостителски објекти кои не се блиски до власта

Повеќе кафанџии и сопственици на угостителски објекти се пожалија дека полицијата дополнета со новоформираната агенција за обезбедување Омерта која важи за блиска до братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев влегувале во угостителски објекти, целосно политички субјективно, заплашувајќи ги персоналот и газдите на угостителските објекти, пишува порталот Денешен.

Пред десетина дена беа затворени голем број на кафичи, а контрола им влегла на насилен начин. Сведоци велат дека парадерски, засилени со припадници на ЕБР со калашњикови каубојски влегувале во угостителските објекти, како да бараат најбарани криминалци, а вечерта се завршила со нотирани ситни престапи. Од видеото кое го објави МВР може да се забележат специјална полиција полно наоружана, и вобичаени незадоволни гости како ги напуштаат локалите.

Во една ноќ приведени 26 лица и клуч на врата на 19 угостителски објекти!

Приведени се 26 лица, а издадени се забрани за работа на 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар при контрола што ја спровеле полицијата, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овие подрачја. Акцијата е спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите. На подрачјето на СВР Велес, пак, при алкотестирање на 232 возачи, е утврдено присуство на алкохол кај 29.

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност најави дека вакви акции ќе се спроведуваат и во наредниот период.