Масовно труење со храна во Јапонија

Стотици лица се затруле со храна во Јапонија, полицијата истражува како пестицидите завршиле во замрзнатите пици и палачинки.

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 556 луѓе се отруле со замрзната расипана храна, која најверојатно е третирана со пестициди,

Произведувачот на храна „Маруха Ничиро Холдингс“ денеска  преку весниците се извини и ги предупреди потрошувачите да не ја јадат расипаната храна, вклучувајќи пици, крокети и палачинки, произведени во фабриката во префектурата Гунма, северно од Токио.

Компанијата почна со повлекување на 6,4 милиони различни пакувања смрзната храна од 29 декември, соопштувајќи дека во некои од нив е пронајдено високо ниво на малатион, вид на пестицид.

Малатион е пестицид, кој се користи во земјоделството и градинарството и исто така се користи за убивање на болви на животните и луѓето, а во поголема концентрација може да доведе до смрт.

Од компанијата велат дека затруените производи имаат интензивен мирис и со првиот залак се чувствува гадење и нагони на повраќање.