Масовно труење со храна во скопски ресторан

Шест лица се затруле со храна во елитен ресторан во скопско Чучер Сандево, јавува Канал5.

Според информациите кои би објави телевизијата, шестмината се задржани на Инфективната клиника во Скопје.

Телевизијата објави дека во ресторанот биле присутни 60- тина лица на семејна прослава,  оние кои побарале лекарска помош, имале полесни симптоми на труење.

Инспектори на Агенцијата за храна се на терен.