Спорт

Мастур дебитира за Милан со 15 години

Мастур дебитира за Милан со 15 години

Хачим Мастур е најновото име кое ќе биде запишано во клупската историја на италијанскиот калчо гигант Милан.

Репрезентативецот на Италија до 16 години од вторникот тренира со првиот тим на седумкратниот европски клупски шампиони, а се погласни се шпекулациите дека Хачим ќе дебитира за првиот тим веќе в недела кога Милан на “Сан Сиро” го игра последниот натпревар од актуелната сезона.

Доколку добие шанса да одигра некој минута против гостинскиот тим на Сасуоло, малдиот играч за врска ќе биде запаметен како најмал фудбалер кој има дебитирано за првиот тим на Милан.

Мастур има 15 години, 10 месеци и 28 дена, а моменталниот рекорд е во сопственост на легендарниот капитен на “росонерите”, Паоло Малдини кој дебитираше за Милан на дуелот против Удинезе кога имаше 16 години и 208 дена.