Спорт

Мата потсети дека март е најважниот месец за Јунајтед

Мата потсети дека март е најважниот месец за Јунајтед

Најскапата аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед, шпанскиот интернационалец Хуан Мата е убеден дека пррвенствените натпревари во месец март најверојатно ќе се покажат како пресудни кога е во прашање борбата за четвратат позиција во националниот шампионат.

„Ова е најважниот месец во актуелната сезона. Ќе бидам искрен, јас имам добро чуство. Имам чуство дека владее позитивна атмосфера во нашата соблекувална, дека моите соиграчи се подготвени за борба, дека се има потребната желба за докажување и сите сме убедени дека ќе успееме. Свесни сме, знаеме дека мора да победиме на што е можно повеќе натпревари. Ќе играме против најголемите ривали, Ливерпул и Манчестер Сити и ќе порбаме да освоиме што е можно повеќе бодови,“ изјави одличниот играч за врска.