Мата: Шпанија мора да игра тика-така

Одличниот играч за врска, Хуан Мата, е убеден дека репрезентацијата на Шпанија мора и понатаму да го форсира препознатливиот стил на игра, популарната „тика-така”.

„Како размислуваме во овој момент. Мислиме само на победа, мислиме само на подобра игра. Мора да веруваме во нашиот познат стил на игра, благодарение на „тика-така”, репрезентацијата на Шпанија има фудбалска доминација во изминатите четри години. Горд сум на фактот дека сум дел од оваа група со фудбалери, тука сме една голема фамилија. Сите сме подготвени за новиот предизвик, среќни сме што ќе играме на фудбалскиот храм, ќе играме на “Маракана”. Ќе играме на еден подолг и поширок фудбалски терен, тој ни одговара на нашиот стил на игра. Шпанија нема друга опција на располагање, мора да ги освоиме сите три бода”, изјави фудбалерот на Манчестер Јунајтед.