Математиката создава успешни кадри и интелигентни луѓе

Очигледни се политичките влијанија врз средношколскиот пленум, кој е нелегитимен претставник на учениците во Македонија и кој организира протести и бојкот на настава, со главно барање математиката да не биде задолжителен предмет при полагање на државната матура, пишува Курир.

Средношколската унија, како единствен легитимен претставник на средношколците, веќе преговараше и договори со МОН дека математиката наместо задолжителен, ќе биде алтернативен предмет при полагањето.

Од овде станува јасно дека целиот процес е политизиран, при што пленумот кој важи за продолжена рака на СДСМ и е нелегална организација настапува со организирање на бојкот на наставниот процес.

Пленумците досега не испорачаа никакви барања до надлежните, но во исто време оваа фантом-организација составена од активисти кои најмногу се дел од подмладокот на СДСМ, продолжи да дава изјави кои не се најавени и се даваат само за медиумите финансирани од СОРОС.

Во налетот да се одбранат нечии крајни интереси, со кои се наштетува на образовниот процес, во целата оваа ситуација се заборава суштината и она што треба да е најважно и јасно за сите.

Средношколците кои бојкотираат настава и протестираат бегајќи од математика забораваат колкаво е позитивното влијание на оваа наука врз интелектуалниот потенцијал на човекот и нејзината општокорисност.

Факт е дека општествата каде математиката со должно внимание е дел од образовниот процес, се понапредни во повеќе сфери.

Зошто влијанието на математиката е позитивно врз развојот на младите дава одговор и поткрепа медицината.

Имено,  научно е докажано и според студиите на престижните Харвард и Оксфорд дека децата кои посветуваат внимание на математиката интелектуално повеќе напредуваат независно дали таа е нивната клучна или споредна определба. Таа има клучно влијание врз когеративните функции на мозокот односно виугите. Истовремено тие луѓе побрзо размислуваат, се истакнуваат во иновативноста и развој на претпремиачкиот дух. Научно е докажано дека тоа се луѓе и со подобра и пообилна меморија и со практични знаења кој се применуваат и во другите сфери. Таа исто така влијае и врз развојот на психолошкиот профил на личноста како и врз севкупниот интелектуален потенцијал.

Мноштвото европски и светски земји, како Австрија, Хрватска, Ирска, Шведска, Латвија, Унгарија, Полска, Словенија, кога е во прашање математиката го делат ставот дека се работи за материја која се третира многу практична и ефективна во секојдневниот живот, во сите општествени сфери. Математиката има големо влијание врз севкупниот општествено економски развој, а тоа го покажуваат бројни примери во светот, каде влогот во математичките познавања на учениците и студентите е континуиран и сериозен, исто како и очекуваниот ефект.

Во Шангај, Сингапур, Хонг Конг, Кореа, Јапонија, Швајцарија, Холаднија, Естонија, Финска чиишто ученици постигнуваат  највисоки резултати на ПИСА тестирањето по предметот математика и се наоѓаат на првите 10 места, домашниот бруто производ во последните 4 години им се зголемува во просек за 4,6%. Додека земјите рангирани од 10-то до 20-то место, како  Канада, Полска, Белгија, Германија, Виетнам, Австрија, Австралија, Ирска, Словенија и Данска имаат пораст на БДП за 1,9% во последните 4 години.

Оттука, оправдана е посветеноста на земјите кон математиката, како основа на сите општествени сфери и дејност. Меѓу земјите од ЕУ, Британија е најрадикална во ставовите по однос на математиката, ако се земе во предвид дека властите поставија таргет – државата да биде најдобра во Европа и меѓу петте први земји во светот по математика и англиски јазик до 2020 година.

Еден од примерите е Велика Британија, каде Владата неодамна одлучи да им доделува по 15.000 фунти (над 22.000 евра) на млади луѓе кои ќе се одлучат да студираат математика или физика, а условот е да тие по дипломирањето да ги предаваат овие предмети три години.