„Матица“ и „Просеветно дело“ ја поддржаа акцијата „Подари книга“

Книжарниците „Матица“ и „Просветно дело“ покажаа општествена одговорност и се вклучија во акцијата на Министерството за труд и социјална политика „Подари книга“.

Целата на овој проект „ Подари книга“ на МТСП е книгата да допре и до најранливите категории на граѓани кои не можат да си ја овозможат истата.

Досега граѓаните своите книги можеа да ги донираат во филијалите на Македонска пошта, Центрите за социјална работа и во детските градинки, а со вклучувањето на овие две книжарници сега книгите ќе можат да се донираат и во пунктовите на „ Матица“ и „ Просветно дело“.

Книгите коишто ќе ги донираат граѓаните, фирмите и институциите ќе бидат ставени на располагање и во корист на децата без родители и родителска грижа, на згрижувачките семејства, на сите членови од семејствата во социјален ризик, на материјално необезбедените граѓани и сите оние кои не можат да си дозволат нова книга.

-Ние се приклучуваме кон оваа акција со тоа што ќе донираме наслови за социјално ранливите категории , ќе им помогнеме на сите оние кои што од било кои причини не се во можност да си ги набават своите омилени книги без разлика за каков книжевен жанр станува збор, дали станува збор за лектири, прирачна литература или белетристика , истакна Татјана Димовска Атанасова ПР на Просветно дело.

Таа посочи дека како издвач со најголема книжарска мрежа на територијата на цела Р.Македонија пунтови за донирање на книги ќе постават и во другите градови каде што имаат свои продажни места се со цел помасовно да се поддржи оваа извонредно концепирана акција на министерството .

На веб сајтот на МТСП веќе има список на донирани книги и досега се донирани 824 книги. Се повеќе издавачки куќи се приклучуваат кон оваа акција како и поединци, видни личности, а неодамна свои книги донираа и неколку македонски писатели.

Книжарницата „ Матица“ оваа акција ја подржува преку својот клуб на читатели. Сите оние кои ќе донираат книга издадена од „Матица“ ќе можат да купат нова книга со попуст од 30%. Досега кај нив читателите вратиле односно донирале околу 100 книги и од таму се надваат дека информацијата за акцијата „ Подари книга“ ќе допре до сите нивни челнови.

-Веднаш кога разбрав за акцијата „ Подари книга„ на МТСП се заинтересирав што да направам со оној куп на книги што го имам дома, но благодарение на клбот на Матица чиј член сум од самиот почеток се огласив, веднаш дојдов и првите книги што ги имав ги донесов сметајќи дека тоа е добар чекор и добар поттик за сите оние кои имаат прочитани книги да ги вратат и да им овозможат на оние кои сакаат да стасаат до книгите и да ги прочитаат книгите, рече Наташа Доковска, член на клуб на читатели „Матица“.

Целосен список на донираните книгите кој редовно се ажурира е објавен на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Тој список е достапен на сите заинтересирани граѓани кои се евидентирани во системот на социјална и детска заштита, а коишто имаат потреба од одреден наслов.

Овие лица ќе можат да се пријават како баратели на книги во триесетте Центри за социјална работа. Задолжени лица во министерството по претходно добиени податоци од Центрите вршат поврзување на донацијата со барателот кој има потреба од неа. Потоа, Македонска пошта ќе врши бесплатна достава на книгата до барателот. Оваа услуга ќе се врши по принципот “ Кој прв се јави, тој прв ќе биде услужен“.

Проектот „ Подари книга“ за лицата од социјално ранливите категории има и своја фејсбук фан пејџ, каде граѓаните ќе можат во иднина да се информираат.