„Матица македонска“ ќе ја промовира „Летописни поменија“ од Тамара Арсовска

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на петти март (среда) во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Летописни помненија“ од Тамара Арсовска, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје. За делотo ќе говорат проф. д-р Јелица Николовска, Милица Стојанова и Ефтим Клетников.

Тамара Арсовска е познат публицист и автор на книгите со книжевни портрети: Блиски средби, Запаметено минато, Отаде минливоста, Волшебници на зборот, Влезница за иднината, Писателите за себе, Од дневникот на нашите години и Творците и нивното време. Добитник е на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“, со што се стекна со статусот „Национален пензионер“.