„Матица“ организира „Недела на книга“ во Битола

Со будење на пролетта, Клуб Матица ги буди сите свои читатели со одлична информација, ,,Недела на книга”,  од 2-ри до 5-ти април во Центарот на Култура во Битола.

knigi

Според анкетата спореведена во својот клуб на читатели, се дојде до сознанија и резултати кои покажаа дека овој саем на книга во Битола е повеќе од посакуван. Сите битолчани ќе може да најдат безброј наслови и да уживаат во страниците полни љубов и мудрост. За време на неделата на книга, ќе се случуваат интересни промоции и настани кои уште толку ќе ја воздигнат вредноста на пишаниот збор.

knigi 1

,,Да” за книга, е саемот за книга кој од 2-ри до 5-ти април ќе биде центар на случувањата во Битола и регионот. Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот, а недела од 10 до 15 часот.

Центарот на Култура во Битола е отворен за сите љубители во книгите кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од Клуб Матица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.