Матичните гинеколози да внимаваат на пациентите кои сакаат ин-витро оплодување

„Потребно е матичните гинеколози внимателно да ги следат пациентите кои се обидуват да го остварат правото за БПО за да се намали бројот на случаи кои се враќаат за дополнителна медицинска документација. Ова е со цел осигуреничките навремено да го добијат ваучерот со кој им е овозможено да запопочнат со постапката за БПО во една од седумте здравствени установи со кои ФЗОМ има склучено договор за услугата БПО,“ предупредуваат од ФЗОМ.

Истовремено, ФЗОМ планира едукативни работилници за матичните гинеколози за постапката и документацијата за да го оствари правото на БПО на товар на ФЗОМ.

„Избраниот лекар – гинеколог, од приложената документација, потврдува дека кај осигуреното лице постојат медицински индикации (согласно Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот на плаќање на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита) и предлага започнување на БПО постапка,“ велат оттаму.