Матиќ и Салах добија предавање од Мурињо

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека на полувремето од првенствениот натпревар помеѓу екипите на Челзи и Норвич, контроверзниот менаџер на лондонските “сини”, Жозе Мурињо имал вербален конфликт со интернационалците од Египет и Србија, Мохамед Салах и Немања Матиќ.

“Беше многу жешко за време на паузата. Мурињо прво вербално го нападна Немања Матиќ. Му кажа дека сега има голема дилема, не знае дали донел вистинска одлука, дали е добро што го откупил неговиот договор од Бенфика. Му кажа дека делувал премногу бавно. Уште полошо помина неговиот тимски колега, Мохамед Салах. Прво му соопшти дека мора да заличи на фудбалер и тоа најкасно до стартот на следната сезона, а потоа му кажа дека вторите 45 минути ќе ги следи од клупата за резервни фудбалери”, изјави анонимниот извор.