Матине опера за деца во МОБ „Клинг- Кланг“

Македонската опера и балет в недела напладне ќе одржи матине претстава за деца. „Клинг-Кланг“ е музичка авантура која како серијал за запознавање со музиката на најмладата популација, ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.

Она што е посебно важно за оваа претстава е активното учество на децата во најзе. Ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе имаат можност да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената. Во нашата неделна матине претстава, ќе се запознаат со гудачките инструменти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.