Свет

Матис и Мин Ку се согласија за поставување на противракетен систем

Матис и Мин Ку се согласија за поставување на противракетен систем

Матис, кој ќе ја посети Јужна Кореја в четврток, и Мин Ку се согласија да продолжат со планот за распоредување на американски противракетен систем, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана се наведува дека двете страни се согласиле да го распоредат противракетниот систем „ТХААД“ во Јужна Кореја во рамите на планот за одбрана од нуклеарните и балистичките капацитети на Северна Кореја.

САД и Јужна Кореја минатата година објавија план за распоредување на системот „ТХААД“, по неколкуте атомски и ракетни проби што ги изврши Северна Кореја.

Кина се спротивстави на системот „ТХААД“ наведувајќи дека тоа ќе ја дестабилизира рамнотежата во регионалната безбедност, што доведе до повик на неколкумина опозициски лидери во Јужна Кореја да се одложи или откаже распоредувањето на тој систем.