Матка подготвена за Илинденскиот кајакарски слалом

Ка­ја­кар­ска­та па­те­ка на Ма­тка, е подготвена за тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­ја­кар­ски сла­лом , кој ќе се одр­жи на 12 и на 13 април.
На 46. издание на ИКАС, најавени се нат­пре­ва­ру­ва­чи од по­ве­ќе од 10 зем­ји, а  меѓу нив ќе бидат и нашите репрезентаивци Ата­нас Ни­ко­лов­ски, Игор Сте­фа­нов­ски, Бор­че Мир­чев­ски, Иван Де­ли­ев, Ог­нен Бра­жан­ски, Але­ксан­дар Зла­та­ров, Ви­ли Јор­да­нов, Ди­ми­тар Вел­ков и уште не­кол­ку мла­ди ка­ја­ка­ри.
Засега, сите учесници го потврдиле своето присуство,  а натпреварувачите од Турција веќе се пристигнати.

„Сакаме да го поттикнеме спортот и спортскиот туризам во земјава, да се актуелизира Матка како дестинација, бидејќи навистина тоа и го заслужува“, вели Николовски, но сепак посочи дека на кајакарската патек и’ треба доуредување, за да стане дел од туристичката понуда на градот.

Нашиот репрезентативец Николовски, годинава ќе има можност по шести пат да го освои турнирот и со тоа да стане рекордер по бројот на победи на ИКАС.

Од 27 ју­ни до 6 ју­ли Кајакарската федерација ќе го ор­га­ни­зи­ра Европ­ско­то пр­венс­тво за ју­ни­о­ри и за се­ни­о­ри до 23 го­ди­ни.