Матри сега ќе се проба и во дресот на Фиорентина

Најскапата летна аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан, фудбалерот кој беше купен за 11 мил. евра, а постигна само еден погодок на 19 натпревари, Алесандро Матри, во следните шест месеци ќенастапува како позајмен фудбалер во дресот на Фиорентина.

Откако ќе заврши актуелната сезона во италијанската Серија А, повремениот репрезентативец на Италија повторно ќе се врати на “Сан Сиро”.

До крајот на зимскиот преоден рок, раководните лица на Фиорентина ќе се обидат да ги обезбедат и услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Андерсон.Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а од продажбата на 25-годишниот играч за врска, премисерлигашот очекува заработувачка од најмалку 9 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.