Матурант убиен кај очната болница во Ѓорче Петров

Момче на возраст од осумнаесет години избодено до смрт денеска попладне во близина на очната болница во скопската населба Ѓорче Петров.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот, но немаат подетални информации за идентитетот на жртвата, ниту за мотивите за убиството.

Полицијата се уште врши истрага на местото на убиството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.