четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

Матурантите денес полагаа екстерен испит по математика

Денес со почеток во 10:00 часот се спроведе екстерниот испит по математика како дел од државната матура во сите средни училишта во Република Македонија за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. За испитот беа пријавени 2.335 кандидати.

eksterno-testiranje

Поврзани вести

Денес со почеток во 10:00 часот се спроведе екстерниот испит по математика како дел од државната матура во сите средни училишта во Република Македонија за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. За испитот беа пријавени 2.335 кандидати.

Од државниот испитен центар информираат дека испитот во целата држава течеше согласно сите пропишани правила и процедури без никакви проблеми. При спроведувањето на тестирањето беа вклучени членовите на училишните матурски комисии, како и околу 270 обучени тестатори-наставници од основните и средните училишта.

Испитот го следеа над 50 овластени набљудувачи, вработени во: Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

Најчитани вести