Македонија

Матурантка од Делчево, добитник на еден милион денари

Матурантка од Делчево, добитник на еден милион денари

Едноставно, решиле за по 40 денари, да си ја пробаат среќата. На инстант лозот на Кристина Иванова се откриле пет исти коцки. Кристина погледнала на задната страна на лозот за да провери која е можната добивка и се израдувала дека добивката и е 1.000 денари.

Љубезната продавачка го проверила лозот и и  ја соопштила на Кристина вистинската добитна сума од еден милион денари. Денес Кристина со своето семејство ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија во Скопје.

1jamb loz

Замина од кај нас, како што и дојде – збунета и среќна, но веќе го има својот милион на трансакциската сметка. Родителите со нас споделија дека се уште немаат план за што ќе ги употребат средствата.

Кристина е оваа година матурантка, па допрва следуваат нејзините планови за школување, а можеби и за патување.

Таа  е доказ дека треба да се верува во среќата.