Македонија

Матурска парада во Скопје на 22 мај

Матурска парада во Скопје на 22 мај

Овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 22 мај точно напладне. Главната манифестација во земјава ќе биде на плоштадот „Пела“.

Според информациите од Танцовата школа „Уршка“ од Љубљана оваа година најавено е учество на „Матурската парада“ од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.

Во Република Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија и Охрид.

Вкупната бројка на обучени матиранти во Скопје е 800, а во останатите градови во Република Македонија вкупно околу 400 матуранти.

Во Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта СУГС Раде Јовчевски Корчагин , СУГС Никола Карев , СУГС Зеф Љуш Марку, СУГС Јосип Броз Тито, СУГС Панче Арсовски, СУГС Браќа Миладиновци, СУГС Георги Димитров, СУГС Цветан Димов, СМУГС Д-р Панче Караѓозов , СЕПУГС Васил Антевски Дрен, СЕПУГС Арсени Јовков , СУГС Марија Кири Склодовска , СГГУГС Здравко Цветковски , СУГС Владо Тасевски, АСУЦ Боро Петрушевски , СУГС Димитар Влахов , СУГС Орце Николов , СУГС Лазар Танев , ДМБУЦ Илија Николовски Луј, СУГС Михајло Пупин и Петта приватна гимназија.

Во Охрид ќе учествуваат матурантие од средните училишта ОСУ „ Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУТУ „Вaнчо
Питошевски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Во Гевгелија ќе учествуваат матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“

Организатор за Република Македонија е Дирекција за култура и уметност на Скопје.