Маврово најстудено и со најмногу снег

маврово

Најниска температура утрово е измерена во Маврово -10 степени, -7 во Крушево, -6 во Лазарополе, -5 во Пожаране и Ѓуриште, -4 воТополчани и Берово, -2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Охрид и Дебар, -1 во Тетово, Битола и Претор, 0 во Штип и Скопје, 1 во Струмица, Демир Капија, Скопје Петровец, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.

Утрово времето е облачно и студено речиси насекаде со  врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови,  врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен правец, особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.

Времето во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од  -2 до 4 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од  снег со слаб интензитет. Ќе дува умерен до  засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до  2 степена.

Во наредните денови ќе следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.