Маж и девојка пронајдени мртви во Аеродром

Порталот Плусинфо објави дека маж и девојка се најдени мртви во скопската населба Аеродром.

Вчера во стан од зграда на улицата Владимир Комаров најдено е телото на почината Марија М. (1991) од Охрид. На скалите, пак, во истата зграда, е најдено телото на починатиот Предраг Т. (1980) од Скопје.
Од полицијата велат дека девојката била подстанар. Причините за смртта засега не се јасни, па телата на двајцата се однесени на обдукција, пишува порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.